Пристигнаа првите 100 филмови!
На првото издание на Младински Филмски Фестивал Скопје 2020 пристигнаа првите 100 апликации од млади и талентирани филмаџии.
Младински Филмски Фестивал претходните 2 години беше дел од најголемиот средношколски уметнички фестивал во Македонија „Три дена култура“, создаден од истите организатори. Оваа година МФФ го започнуваме независно чија цел е да ги донесе на едно место кратките филмови од млади талентирани филмаџии, со иста и уште поголема тенденција и квалитет од претходниот фестивал.
Оваа година ја започнуваме мисијата во убавиот двор на Кинотека, во надворешното кино „Мирно Лето“.